Mиралем Пјаниќ денес беше претставен во Барселона.
Откако беше претставен во просториите на клубот и излегувањето на терен, Пјаниќ им се обрати на медиумите.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
„Ви благодарам на поддршката. Уште од мали нозе сонував еден ден да заиграм за Барселона. Да се биде дел од овој клуб е неверојатно. Благодарен сум на се што ми се случило во кариерата и животот, а сега сум во најдобриот клуб во светот. Ова е многу важна фаза од мојата кариера“.
„Поминувајќи низ соблекувалната, низ тунелот кој води до тревникот ја почувствував историјата на клубот и што се таа значи. Чест ми е што ќе ја делам соблекувалната со големи шампиони“.
„Заминувањето од Јувентус беше тешко. Напуштив одличен клуб, но на секој играч, па така и мене ми беше потребно ново искуство. Барса повторно ќе биде одлична. Да се дели соблекувалната со Меси и останатите е остварување на сонот! Се случуваат тешки ноќи како што и се случи на Барса против Баерн. И јас претрпев големи порази“, изјави Пјаниќ.
❝QUOTABLE❞ | @Miralem_Pjanic is 'proud' to be at Barça. #PjanicCuler pic.twitter.com/NizHjJFePJ
— FC Barcelona (@FCBarcelona) September 15, 2020