Aкадемија Пандев ја победи Шкендија и направи исчекор во борбата за пласман во Европа, денес победена беше Шкендија со 4:2, Адем постигна гол од пенал во 98-та минута за да ја остави Македонија ЃП во игра за излез во Европа.
Денешната победа „пандевци“ ја најавија со головите на Бихорац и Илиев во втората и 23. минута за 2:0, резултат со кој заминаа на полувреме. На самиот старт на вториот дел Кривак намали на 2:1, но 15-тина минути подоцна Илиев ја врати предноста од два гол за домаќините. Сите дилеми околу победникот на 10 минути до крајот ги реши Ѓоргиев. Конечни 4:2 ги постави Гури од пенал три минути подоцна.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Во недела Академиај Пандев ќе има прилика и да го завери пласманот во Европа со победа дома против Работнички или ако Македонија ЃП не победи против Струга Трим Лум.
Македонија Ѓорче Петров денес беше пред пораз во натпреварот на Чаир против новиот шампион. „Лавовите“ имаа негатива од 58. минута со голот на Куевен, но Адем од пенал длабоко во судиското продолжение погоди за 1:1.
Работнички на Арената со голот на Марјан Ристовски во судиското продолжение поебди со 2:1. Претходно Станковски погоди од пенал за „романтичарите“, а Ѓорѓевиќ беше стрелецот за Борец.
Останатите два натпревари помеѓу Тиквеш – Ренова и Струга – Брегалница завршија без победник 1:1.
Фото: ФК Академија Пандев