Утрово беше потврден првиот голем трансфер во новата годината. Кристиан Пулишиќ за 64 милиони евра ќе се пресели во Челзи.
Репрезентативецот на САД веднаш откако беше официјализиран трансферот со емотивно писмо на социјалните мрежи се прости од Борусија Дортмунд.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Драги навивачи на Борусија. Со тешко срце ви соопштувам дека влегувам во последните месеци од престојот во нашиот светски познат клуб. Како да беше вчера кога стигнав во Дортмунд како неискусен, возбуден, нервозен, но многу горд фудбалер од американско гратче Херши. Не знаев што ме чека, но наскоро открив дека сум во добри раце. Им се заблагодарувам на своите соиграчи за овие години. Ме прифативте како дете и го поделивте вашето искуство со мене.
Благодарение и до навивачите. Беше привилегија да се стои со вас на јужната трибина. На лето се селам во Челзи и Премиерлигата.
Привилегија е да се потпише за таков легендарен клуб и се радувам на напорната работа за да станам член на екипата од врвни фудбалери. Се радувам на соработката со Маурицио Сари и стручниот штаб“, напиша меѓу другото Пулишиќ.
Liebe Borussen ?? (??) pic.twitter.com/CR4VCCUnPn
— Christian Pulisic (@cpulisic_10) January 2, 2019