Сцената е снимена за време на свечената парада на спортистите на свеченото отворање на Олимписките игри во Париз.
Олимписките игри во Париз официјално беа отворени во петокот со спектакуларна церемонија.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
За прв пат во историјата на Олимписките игри свеченото отворање се одржа надвор од стадионот. Церемонијата, која на силен дожд беше полна со уметнички дела, музика и танц, траеше четири часа.
Од мостот Остерлиц до Трокадеро, 6.800 спортисти и 205 делегации, на 85 чамци, се спуштија по реката за време на парадата.
При претставувањето на македонската делегација се случи неверојатен гаф.
Само нашите на грешна страна свртени 😂🤦 pic.twitter.com/ynfEYPYEgS
— Карамба Барамба (@karambabaramba) July 26, 2024
Македонците се свртеа на погрешна страна, па камерите ги снимија одзади додека го вееја знамето и ги поздравуваа насобраните навивачи од чамецот.
Треба да се напомене дека не се единствените, слична грешка направи и делегацијата на Луксембург.
Luxembourg and North Macedonia not being told the right way to face nooooo pic.twitter.com/5Eof1zOtYc
— Dale Cornish (@dalecornish) July 26, 2024