Дома Фудбал Англија Пукна и Гвардиола: Ова што го прави ФИФА е претерано, ова не е видео игра туку реалност

Пукна и Гвардиола: Ова што го прави ФИФА е претерано, ова не е видео игра туку реалност

Стоперот на Манчестер Сити, Џон Стоунс ќе паузира неколку седмици порафи повредата која ја заработи на средбата против Лестер.

Сити славеше со 2:0 и се задржа на врвот, но Пеп Гвардиола е загрижен заради повредата на првиот стопер, а во се наоѓа вина во распоредот на ФИФА и напорите кои ги става пред играчите.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Погледнете го календарот, ФИФА нвистина бара многу од играчите. Тие не можат да ги издржат напорите“, истакна Пеп додавајќи:

„Го разбирам Герет Саутгејт,го подготвува тимот за СП и тој е селектор, па мора да донесе најдобри одлучи и јасно ми е дека има најдобри намери, но Стоунс не може сето тоа да го издржи“.

Сити сега ќе игра меч од ЛШ против Фејнорд и ете прилика играчите да се одморат.

„Играте 90 минути секој помалку, па потоа одите во репрезентацијата и два пати по 90 минути. Ова не е видео игра, ова е реалност. Затоа ќе ги ротирам играчите, не можам да дозволам уште некој да се повреди, иако целта ни е да славиме против Фејнорд и тоа го барам од тимот“.

Претходно и Жозе Мурињо го изрази своето незадоволство бидејќи во репрезентацијата на Англија се користеше Фил Џонс, кој исто така се повреди.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…