Дома Фудбал Италија Пукна идилата во Аталанта – се огласи Папу Гомез!

Пукна идилата во Аталанта – се огласи Папу Гомез!

Се што се пишуваше во медиумите за проблемите во Аталанта се покажа како вистина…

Аталанта неколку години наназад важи за клуб кој ги собира симпатиите кај неутралните фанови, без поголеми инвестиции овој клуб успеа да биде рамо до рамо со најголемите. Најдобар пример за тоа е минатата сезона кога беа многу блиску да го елиминираат ПСЖ.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Таа идила на Аталанта повеќе ја нема барем не кога во прашање е атмосферата во соблекувалната. Еден од најдобрите играчи на клубот Папу Гомез е пред заминување, тоа повеќе не е медиумска шпекулација туку го потврди самиот играч.

Многу се пишуваше дека Гасперини имал жестока расправија со Иличиќ и Гомез, дури биле блиску и до физичка пресметка.

Добро известениот новинар Џанлука Ди Марцио објави дека односите на двајцата најважни луѓе во соблекувалната се толку лоши што може да резултира со заминување на Гомез. Локалните медиуми во Бергамо тврдеа и дека Гасперини поставил ултиматум: Тој или јас!

Ниту Гомез не придонесе на намалување на тензијата. Денес на друштвените мрежи испрати порака која може да се протолкува како проштална.

„Драаги навивачи, ви пишувам тука затоа што немам други средства да се бранам и да ви се обратам. Само сакам да ви кажам дека кога ќе заминам ќе ја дознаете вистината. Добро ме познавате. Знаете кој сум. Ве сака вашиот капитен“, напиша Гомез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…