Дома Останати Публиката со свирежи го испрати Ѓоковиќ, тој веднаш им одговори (видео)

Публиката со свирежи го испрати Ѓоковиќ, тој веднаш им одговори (видео)

Новак Ѓоковиќ нема да ја брани титулата на УС Опен, откако настапот на последниот гренслем го заврши во осминафиналето.

Ѓоковиќ го предаде мечот против Станислав Вавринка при резултат 4-6, 5-7 и 1-2 за швајцарскиот тенисер, поради проблеми со повредата на рамото.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Тоа не им се допадна многу на гледачите на „Флешинг Медоуз“ кои со свирежи ја поздравија одлуката српскиот тенисер да се повлече од натпреварот.

 Што да ви кажам? Не ме навредуваат таквите постапки, не обрнувам внимание на тоа, сакам да ги почитувам другите и се надевам дека ќе ме почитуваат мене и мојата одлука. Жал ми е поради публиката, дојдоа да гледаат цел меч и тоа не им беше судено. Многумина не знаеја што се случува и не можам да ги обвинувам“, истакна Ноле.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останати

Проверете

„Гобари“ ефорично ги пречекаа хрватските легенди Кукоч и Раџа🎥

Легендарниот кошаркарски тандем, Тони Кукоч и Дино Раџа се специјални гости на Партизан на…