Извршниот директор на Премиер лигата, Ричард Мастерс верува дека наскоро фановите можат да се вратат на стадионите.
Тој смета дека во следните недели дел од мерките против коронавирусот ќе бидат укинати и тоа ќе дозволи делумна посета на стадионите со посебен протокол.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Натпреварите се играат без публика поради пандемијата, но пред Божиќ беше дозволен влез на навивачите во одредени региони.
„Убеден сум дека навивачите ќе се вратат следната сезона. Сепак, никој не може да каже конечно бидејќи пандемијата не може да се предвиди. Не губиме надеж дека уште оваа сезона може да видеме ограничен број на фанови на трибините“, изјави Ричардс.