Новак Ѓоковиќ беше поразен во финалето на УС Опен, Данил Медведев беше подобар од српскиот ас со 3:0 во сетови.
Во финишот од натпреварот Ѓоковиќ почна да плаче поради големата поддршка која ја имаше од трибините, нешто што не му се случува често. Вообичаено поголемиот дел навивачи навиваат за противникот на Новак.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Меѓутоа сега психолог во разговор за „Л’Eкип“ тврди дека солзите на Ѓоковиќ биле лажни.
„Не ми се верува дека плачеше. Тоа го мислам поради неговиот израз на лицето кога се врати од паузата. Со плачењето веројатно се обиде да го надмудри противникот, надевајќи се дека ќе потклекне и ќе направи пресврт“.
Awww so sad! #djokovic #cry pic.twitter.com/E7bvXxpDmH
— Mansoor Taj (@mansoortaj22) September 12, 2021