Раководството на францускиот фудбалски гигант ПСЖ нема намера да му понуди нов договор на Килијан Мбапе, пренесува „АС“.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Мбапе има важечки договор со шампионот во француската „Лига 1“ до следното лето, а шпанскиот медиум тврди дека парижаните сакаат напаѓачот да ја активира неговата опција во неговиот актуелен договор за автоматско продолжување до јуни 2025 година.
Меѓутоа, ако тоа не се случи, Мбапе и неговите агенти ќе можат да преговараат со други тимови од јануари.
Францускиот репрезентативец има 15 гола и една асистенција на 15 натпревари за париските „светци“ од почетокот на сезоната.
Како што и натаму се шпекулира, Реал Мадрид би можел да биде следниот клуб на Мбапе.