Не можевме да посакаме подобар старт на 1/8 финалната фаза во Лигата на Шампионите од дуелот меѓу ПСЖ и Реал Мадрид во вторник навечер. Мечот се игра на Паркот на Принцовите во Париз, а според букмејкерите домаќинот е фаворит барем на овој прв меч во Франција.
Домашниот тим заврши на второто место во групата А за да го обезбеди своето место во нокаут рундата, додека 13-кратниот освојувач на европски титули Реал Мадрид ја освои првата позиција во групата Д.
Меси беше донесен за титула во ЛШ
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
ПСЖ го ангажираше Лионел Меси минатото лето со цел Аргентинецот да им помогне конечно да ја освојат Лигата на шампионите и би било фер да се каже дека францускиот гигант ќе биде полн со самодоверба во четврт-финалето ако успее да напредува покрај Реал Мадрид во осминафиналето.
ПСЖ не одигра на очекуваното ниво во групната фаза оваа сезона, освојувајќи 11 бода од шест натпревари, но тоа беше доволно за да заврши на второто место во групата А зад Манчестер Сити.
Тимот на Маурисио Покетино ќе влезе во натпреварот по победата од 1:0 над Рен во Лига 1 во петокот, со што има 16 бода предност на врвот на табелата, па ќе може да се фокусира само на нивниот предизвик во Лигата на шампионите. Тоа е голема предност за ПСЖ сезонава, со оглед на тоа што веќе може да ја слави титулата во Франција.
ПСЖ мисли само на титулата
Француските гиганти се очајни конечно да го кренат европскиот куп, што е нивна цел откако станаа европска велесила и ќе биде интересно да се види каков ќе биде нивниот пристап на првиот натпревар, бидејќи на Реал му годи тоа што возвратниот меч е на Бернабе. Но ако тоа е некаква предност, тоа е само мала предност за тимот од Мадрид.
ПСЖ, кој беше поразен од Реал Мадрид во оваа фаза од натпреварувањето во сезоната 2017-18, загуби од Сити во полуфиналето минатата сезона, а стигнаа и до финалето во 2019-2020. Ќе биде огромно разочарување за сопствениците, навивачите и за фудбалерите, доколку ПСЖ не успее да ја мине оваа фаза. Можеби немаа среќа во жрепката, но во секој случај и според сите показатели, па и според очекувањата на многумина, време е ПСЖ да дојде до европската круна.
Реал по двојна круна сезонава
Реал Мадрид, кој е најуспешниот тим во историјата на европските купови со 13 трофеи, стигна до полуфиналето минатата сезона, губејќи со вкупни 3:1 од победникот Челзи.
Лос Бланкос го освоија ова натпреварување во четири наврати помеѓу 2013 и 2018 година, но тие загубија во осминафиналето во две од нивните последни три сезони во Лигата на шампионите и сигурно ќе бидат претпазливи со тимот на ПСЖ кој ќе ги има Нејмар, Килијан Мбапе и Меси во офанзивата.
Тимот на Карло Анчелоти комотно се најде на чело во групата Д со 15 бода за да се пласира во нокаут рундата и тие сега бркаат двојна круна оваа сезона. Моментално се на врвот во Ла Лига, ао четири бода повеќе од второпласираната Севиља по саботното реми без голови со Виљареал – значи целта е титула во Ла Лига и титула во Лигата на Шампионите.
Реал гостува во Париз во незгодно време
Реал Мадрид има шест победи, три нерешени средби и седум порази од претходните 16 натпревари на гости против клубови од Лига 1, што е навистина изненадувачки податок. Според ова, Реал игра потешко против тимотви од Франција, отколку со тимови од останатите ТОП 5 фудбалски лиги.
Во исто време, тие имаат четири победи, три нерешени средби и три порази од нивните 10 натпревари против ПСЖ во сите натпреварувања, а нивните последни две средби беа во групната фаза на турнирот 2019-2020.
Гигантите од Ла Лига загубија два од последните три двомеча со ПСЖ, додека нивните неодамнешни перформанси беа под она ниво на кое беа во првата половина од сезоната, откако победија само на еден од последните четири натпревари во сите натпреварувања. Па дури и таа победа беше еден неубедлив успех – победа од 1:0 на домашен терен против Гранада.