Дома Фудбал Останато ПСЖ призна: Не требаше да ги пуштиме Тиаго и Кавани

ПСЖ призна: Не требаше да ги пуштиме Тиаго и Кавани

Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, призна дека во клубот погрешиле кога им дозволиле на Тиаго Силва и Единсон Кавани да заминат ова лето.

Тиаго и Кавани неколку години беа лидери на тимот, но клубот не им понуди продолжување на соработката, па двајцата си заминаа како слободни агенти.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


„Можеби реагиравме премногу брзо. Отворено разговаравме со нив. Во тие моменти не можевме да одговориме на нивните барања. Тоа беше финансиската страна на проблемот. Исто така сакавме да ја подмладиме екипата. Приоритет ни беа Маркињос и Кимпембе. Тешка беше одлуката да се откажеме од услугите на Кавани и Силва. Мислам дека згрешивме“, изјави Леонардо.

Тиаго Силва и Кавани кариерата ја продолжија во Премиер лигата и потпишаа за Челзи, односно Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…