Дома Македонски спорт Мак ракомет ПСЖ пресилен, се прошета низ Битола

ПСЖ пресилен, се прошета низ Битола

Еурофарм Пелистер, го доживеа и 11-от пораз оваа сезона на исто толку натпревари во Лигата на шампионите.

ПСЖ беше пресилен за македонскиот шампион и лесно дојде до победа во преполната сала „Боро Чурлески“ со резултат 25:31.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


ПСЖ уште од почетокот ја покажа разликата во квалитет и набрзина дојде до резултат 1:5, па до крајот на првото полувреме ја одржуваа предноста и на одмор се замина со резултат 9:16.

Во второто полувреме ПСЖ го намали ритамот, им даде шанса на сите ракометари, па на крајот славеше со резултат 25:31.

Шипшак со 7 и Соле со 5 гола беа најефикасни во редовите на победничката екипа, додека кај Еурофарм Пелистер дури пет играчи постигнаа по 3 гола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Столе Димитриевски спремен да преговара за трансфер во Саудиска Арабија?

Maкедонскиот голман Столе Димитриевски според информациите на дел од медиумите има понуда …