Тренерот на Пари Сент Жермен, Томас Тухел утрово потврди дека во тимот ќе пристигнат две нови засилувања.
Нови членови на францускиот клуб ќе станат камерунскиот напаѓач Ерик Чупо-Мотинг и шпанскиот лев бек Хуан Бернат.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Чупо-Мотинг доаѓа во ПСЖ од Стоук кој во Париз ќе ја има улогата на замена за првиот напаѓач Едисон Кавани.
„Ни требаше некој кој квалитетно може да го замени Кавани. Барав некој кој има одлична скок игра и е добар во дуелите. Убеден сум дека ќе може многу да покаже и дека ќе добие шанса за игра“, изјави Тухел.
Хуан Бернат после четири години го напушта минхенски Баерн и ќе ја засили левата бековска позиција на „Паркот на принцовите“.
Двајцата фудбалери денес ќе ги поминат лекарските прегледи и ќе потпишат договор со ПСЖ.