Според последните извештаи, ПСЖ спремиле нов, уште подобар договор за Нејмар, со би го задржале до 2025. година, но Бразилецот нема намера да го потпише.
Нејмар пристигна во Париз во 2017. година од Барселона и моментално има договор до 2022. година, но со оглед на се што се случуваше ова лето тој сака да го напушти францускиот клуб што поскоро.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Пред само два месеци Бразилецот водеше војна со челниците на ПСЖ и сакаше да замине Париз за да се врати во Барселона.
Сепак, тоа не се случи, а Нејмар после опоравувањето од повредата повторно заигра во дресот на ПСЖ и во пет натпревари постигна четири погодоци пред повторно да се повреди, а ситуацијата е малку смирена.
Сега, како што пренесува Food-Mercato, Парижаните му понудиле на Нејмар подобар договор со кој би го задржале до 2025. година, но тој и натаму само размислува за враќање на Камп Ноу.
Neymar refuse la dernière offre du PSG https://t.co/6CGhbm1nLX
— ZuluBlanco (@ZuluBlanco) November 18, 2019