Дома Трансфер зона ПСЖ повеќе не се прашува: ФИФА ја одреди сумата за следниот трансфер на Нејмар

ПСЖ повеќе не се прашува: ФИФА ја одреди сумата за следниот трансфер на Нејмар

Во текот на целото лето, бразилецот Нејмар инсистираше да замине од ПСЖ и да се врати во Барселона, меѓутоа до тој трансфер не дојде.

Иако во последните денови од преодниот рок двата клуба се обидоа да пронајдат заеднички јазик, желбата на Бразилецот да се врати на Камп Ноу не беше остварена.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Сепак, еден од најдобрите фудбалери на денешницата и следното лето ќе инсистира на враќање, а Барселона тогаш ќе има полесна работа. Со тоа, на своја страна ќе го има и правилникот на ФИФА.

Имено, Мундо Депортиво пишува дека ФИФА за 12 месеци може да го одреди износот на откупната клазула бидејќи во меѓувреме ќе помине таканаречениот „заштитен период“.

Тоа правило се однесува на играчите кои во своите договори немаат откупна клазула, три сезони се биле членови на тој клуб, а во меѓувреме не ја продолжиле соработката.

Во тој случај ФИФА му дава право на играчот да го напушти клубот со плаќање на компензација која се пресметува со формула на основа на цената на играчот.

Наводно, агентите на Нејмар веќе се консултирале со ФИФА и знаат дека трансферот може да се реализира за износ од 170 милиони евра.

ПСЖ во текот на ова лето бараше многу повеќе, но за 12 месеци тоа нема да биде случај бидејќи ФИФА ќе го одреди износот за кој Бразилецот може да замине од Франција.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Херојот на Реал пред неколку години барал линкови да ги гледа „кралевите“

Херој на Реал Мадрид во реванш полуфиналето од Лигата на шампионите против Баерн Минхен бе…