Дома Фудбал Останато ПСЖ останува без предводник на клупата: Емери пред отказ, стигнува ново големо име!

ПСЖ останува без предводник на клупата: Емери пред отказ, стигнува ново големо име!

Шпанскиот стратег, Унаи Емери се наоѓа пред отказ во екипата на ПСЖ.

Раководството на францускиот тим е незадоволно со работата на 46-годишниот тренер, иако ПСЖ оваа сезона е уверлив во првенството и ЛШ.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Богатите сопственици на тимот сакаат да направат промени на тренерското место. Извесно е дека Емери нема да го дочека крајот на сезоната, а според информациите кои пристигнуваат од Франција, прашање е дали ќе го дочека и следниот првенствен меч на клупата на великанот од Париз.

ПСЖ веќе ја бара неговата замена. Главните желби се Маурисио Покетино и Жозе Мурињо, но тешко е да се поверува дека некој од нив би можел да биде ангажиран во следните месеци,и покрај неморалните понуди.

Емери екипата ја презеде во летото 2016. година, но изминатата сезона екипата разочара и остана без титулата во првенството, додека во ЛШ успеаа да ја прокоцкаат големата предност против Барселона и да испаднат во еден од најневеројатните дуели некогаш.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Рома и со играч помалку го победи Милан, пирова победа на Ливерпул

Рома и Аталанта се пласираа во полуфиналето од Лига Евопа откако беа подобри од Милан одно…