После трансферот на Јулијан Дрекслер, Пари Сент Жермен до крајот на преодниот рок да се засили со уште еден класичен напаѓач, бидејќи во моментов го има само Кавани.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Еминентниот „Екип“ пренесува дека најголема желба на раководството е напаѓачот на Челзи, Мичу Бачуаи, кој минатото лето пристигна на „Стенфорд Бриџ“ за 40 милиони евра.
Сепак, Белгиецот не добива голема минутажа кај Антонио Конте па е спремен да ја промени средината, а ПСЖ сака да ја искористи таквата ситуација.
23-годишниот Белгиец би бил идеално засилување за „светците“ бидејќи одлично ја познава француската лига, а ќе има право на настап и во Лигата на шампиони.
За ПСЖ нема да преставува проблем финансискиот дел од трансферот, но Челзи најпрвин сака да најде замена, па потоа да го пушти Батчуаи.