Богатиот француски кклуб Пари Сент Жермен сигурно ќе донесе нов тренер за наредната сезона, а медиумите тврдат дека на листата се само две имиња – Луис Енрике и Антонио Конте.
Француските медиуми тврдат дека Нејмар го сака својот бивши тренер од Барселона, па поради тоа Луис Енрике во моментов е во пол- позуиција за кормилото на „светците“.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Луис Енрике во моментов е слободен, се поврзуваше со Челзи, но претседателот на ПСЖ е спремен да му ја исполни желбата на Нејмар и да го донесе во Париз.
Антонио Конте и понатаму е валидна опција. Италијанецот сигурно ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната, а веќе остварил првични контакти со луѓето од ПСЖ.
Медиумите во Франција се сигурни – еден од овие два тренери ќе го предводи ПСЖ следната сезона.