Дома Фудбал Лига на шампиони ПСЖ никогаш не победил италијански тим во ЛШ

ПСЖ никогаш не победил италијански тим во ЛШ

Пари Сент Жермен вчера на ждребот го доби тимот на Аталанта како противник во четвртфиналето од Лигата на шампиони.

ПСЖ е апсолутен фаворит на овој дуел, кој ќе се игра на неутрален терен во Португалија, сепак ако се гледа традицијата „светците“ не треба предвреме да се радуваат.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Статистиката им дава сериозни надежи на избраниците на Гасперини да направат уште поголем подвиг. Таа покажува дека ПСЖ никогаш не победил италијански тим во Лигата на шампионите.

Парижаните ги загубија двата судири со Милан (0:1 и 0:2) во полуфиналето во сезоната 1994-95. Потоа тие забележаа четири реми во натпреварите во групната фаза повторно со Милан (1:1 и 1:1) во 2000-01 година и со Наполи (1:1 и 2:2) во 2018-19.

Да не се потценува и фактот дека ПСЖ нема да биде во оптимална форма за судирот со Аталанта на 12 август. Како што знаеме, францускиот шампионат беше рано прекинат поради пандемијата на коронавирус и парижаните не одиграа официјален натпревар од март.

Во исто време, Аталанта веќе одигра 6 натпревари по рестартирањето на Серија А, а ќе одигра уште 7 натпревари до крајот на сезоната и се наоѓа во серија од 9 последователни победи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Проблеми за Реал пред „Ел Класико“

Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор би можел да го пропушти дербито меѓу Барселона по…