Најавената двонеделена суспензија за Лионел Меси повеќе не важи и Аргентинецот денес тренираше со екипата на ПСЖ.
Меси не беше присутен на претходниот натпревар на „светците“ поради патувањето во Саудиска Арабија по поразот од Лориен.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Аргентинецот имаше едно чудно извинување преку социјалните мрежи во кое објасни дека мислел дека ќе добијат слободен ден како и вообичаено, па затоа договорил да отпатува во оваа земја како дел од обврските во договорот за промоција на земјата. Клубот затоа што Меси не се појавил на закажаниот тренинг.
Од клубот официјално не ја коментираа ситуација, меѓутоа Меси по седум дена од патувањето се врати на тренинзите.
Сепак и понатаму не е позната неговата судбина и би можел да го напушти Париз по завршувањето на сезоната.