Челниците на ПСЖ веќе го известиле Маурисио Покетино дека следната сезона нема да го води тимот, пренесуваат француските медиуми.
Тимот кој е преполн со ѕвезди не изгледа доминантно на теренот, а она што му пресудило на Аргентинецот е незадоволството во соблекувалната и испаѓањето во осминафиналето на Купот.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Информацијата ја пренесе еминентниот француски новинар, Адриен Грение, кој е одлично информиран за случувањата во ПСЖ.
ПСЖ веќе ја започна потрагата по нов тренер и е во напредни преговори со Зинедин Зидан, кој ќе седне на кормилото на „светците“ на лето.
Покетино во јануари имаше понуда од Манчестер Јунајтед, па „црвените ѓаволи“ ќе имаат можност да го донесат на лето.