Дома Топ вести ПСЖ му нуди трампа на Манчестер Сити

ПСЖ му нуди трампа на Манчестер Сити

Приоритет на ПСЖ во летниот преоден рок ќе биде доведување на Бернардо Силва од Манчестер Сити, кој е посочен како идеална замена за Лео Меси.

Португалецот уште минатото лето сакаше да го напушти „Етихад“ и не се откажува од идејата за трансфер.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер Сити ова лето нема да му стои на патот и е спремен да го продаде, но не за помалку од 80 милиони фунти.

Француските медиуми тврдат дека спортскиот директор на Пари Сен Жермен, Луис Кампос го понудил Марко Верати плус пари за потписот на Бернардо Силва.

Верати е желба на тренерот Гвардиола, но Сити за слободата на Силва сака само пари, па неизвесно е дали ќе ја прифати оваа понуда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Баерн Минхен го сака Ван Дајк

Фудбалерот на Ливерпул Вирџил ван Дајк размислува да го напушти клубот.  Ван Дајк нал…