Дома Фудбал Лига на шампиони ПСЖ „лета во облаци“, еве што изјавија ѕвездите на тимот по победата над Баерн

ПСЖ „лета во облаци“, еве што изјавија ѕвездите на тимот по победата над Баерн

psg

Младиот напаѓач на ПСЖ, Килијан Мбапе, после убедливата победа над Баерн (3:0) во Лигата на шампионите, ги предупреди неговите ривали дека ова е само почеток.

Клубот од Париз со доминантна игра стигна до победата против Баерн, а головите ги постигнаа Алвеш, Кавани и Нејмар, додека Мбапе подели две асистенции.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Нашата приказна само што започна. Знаеме дека одигравме одлично против голем тим, но ова е само почеток. Очекувањата се огромни, што е нормално после трансферите кои ги направи клубот. Тука сме да победиме во секој натпревар“, изјави Мбапе после натпреварот.

Потоа зборуваше, соиграчот на Мбапе, Марко Верати кој имаше само пофални зборови за новото засилување на клубот од Париз.

„Килијан е неверојатен, има само 18 години ,а погледнете какви настапи прикажува. Се трудиме да му помогнеме. Среќни сме што го имаме во тимот, натпреварот против Баерн ни дава голема самодоверба.“, изјави Верати.

Додека капитенот Тијаго Силва смета дека останатите клубови мораат да имаат почит кон ПСЖ.

„Секоја година сме се подобри. Со Мбапе и Нејмар добивме многу, останатите тимови сега мораат повеќе да не почитуваат“, заврши Силва.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Ливерпул поворно не победи, Клоп и Салах се скараа🎥

Ливерпул и дефинитивно испадна од трката за титулата откако попладнево одигра само 2:2 на …