ПСЖ и Ливерпул во јануари ќе водат битка за потписот на играчот за врска на Милан, Франк Кеси.
Кеси влезе во последната година од договорот, но двете страни се далеку од договор за продолжување на соработката.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Росонерите“ му понудија плата од 6,5 милиони евра по сезона, но агентот на Кеси бара платата со бонуси да достигнува до 8 милиони евра.
Милан веќе го губи трпението и не сака да го загуби фудбалерот без обештетување, па е спремен да го продаде во јануари.
ПСЖ и Ливерпул се спремни да ги задоволат финансиските барања на Кеси и ќе се борат за неговиот потпис во зимскиот преоден рок.