Дома Фудбал Лига на шампиони ПСЖ и Звезда ги отфрлаат обвинувањата: Огорчени сме и револтирани!

ПСЖ и Звезда ги отфрлаат обвинувањата: Огорчени сме и револтирани!

Пари Сент Жермен и Црвена Звезда се огласија по повод написите на „Екип“ дека е отворена истрага за наводно наместеност на нивниот дуел во Лигата на шампиони.

Француското обвинителство отвори истрага за мечот помеѓу ПСЖ и Црвена Звезда во ЛШ. Непосредно пред мечот, УЕФА била информирана дека директор на српскиот клуб се подготвува да уплати скоро 5 милиони евра на тоа дека Црвена Звезда ќе загуби со пет гола разлика и да заработи десетици милиони евра.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Наводно директорот планот требал да го спроведе со уште неколку играчи, кои требале да се погрижат да биде остварен саканиот резултат.

„Црвена звезда со голема доза на неверување ги отфрла пишувањата на францускиот медиум „Екип“ поврзани за сомневањата во исходот од резултатот од мечот помеѓу Париз Сент Жермен – Црвена Звезда, и вмешаност на било кого од ФК Црвена звезда во евентуални нечесни активности“, стои во соопштението на белградскиот клуб.

„Со чудење и огорченост ја примаме оваа информација, ниту во еден момент, никој од членовите на клубот немал никакви разговори освен оние стандардни поврзани за организацијата на натпреварот, состаноци по тој повод, посети и разни протоколарни работи за натпреварот. Во оваа прилика, ПСЖ потсетува на својата посветеност за основните принципи на спортот, интегритетот на натпреварувањето и одбивање на било какви активности кои би можеле да го доведат во прашање тој интегритет“, се огласи францускиот клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Челзи никогаш во историјата не примил повеќе голови во Премиер лигата

Eкипата на Челзи вчера претрпе тежок пораз од 5:0 против Арсенал и тоа за „топџиите“ беше …