Дома Фудбал Останато ПСЖ започна преговори со Зидан

ПСЖ започна преговори со Зидан

Пари Сент Жермен е спремен да го ослободи Покетино и веќе започнал преговори со Зинедин Зидан, пренесуваат француските медиуми.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Очигледно е дека ситуацијата во соблекувалната на ПСЖ не е баш најдобра и дека постои огромен притисок врз Покетино, кој се очекува оваа сезона да ја донесе титулата во Лигата на шампионите на „Паркот на Принцовите“.

ПСЖ е во потрага по тренер, а „Ле Паризиен“ утринава објави дека веќе се започнати преговори со Зинедин Зидан кој е слободен по заминувањето од Реал Мадрид.

Шпанска „Марка“ тврди дека Зидан се уште нема донесено одлука а во текот на следните неколку дена ќе има нова рунда преговори со ПСЖ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Аргентина може да здивне: Познато колку ќе паузира Меси!

Аргентинската репрезентација доби добри вести само три недели пред почетокот на Светското …