Пол Погба на крајот на сезоната ќе го напушти Манчестер Јунајтед како слободен агент, а трката за неговиот потпис веќе започна.




Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Раководството на ПСЖ спрема мега понуда за Пол Погба да да го убеди Французинот да пристигне во Париз на лето.




„Дејли Мејл“ пренесува дека ПСЖ веќе започнал преговори со агентот на Погба и сака да го донесе на лето како слободен агент.




ПСЖ сака да ја победи конкуренцијата и се спремни на Погба да му понудат плата што другите заинтересирани клубови не можат да си дозволат.




Медиумот тврди дека двете страни се блиску до договор и во моментов „светците“ се во пол-позиција за неговиот потпис.