Фудбалерите на Пари Сен Жермен го освоија францускиот Суперкуп, откако во финалето го совладаа Тулуз со 2:0 (2:0).
По само три минути игра Канг Ин Ли го доведе актуелниот шампион на Франција во водство, а Осман Дембеле запиша асистенција.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Парижаните ја искористија шансата кон крајот на првиот дел од натпреварот кога меѓу стрелците се запиша и Килијан Мбапе, кој по соло пробив најде простор и лесно го совлада Гијом Рестес од работ на шеснаесетникот.
Ова е 12-ти пат во историјата ПСЖ да стигне до трофејот во Суперкупот.
Актуелниот француски шампион по десетти пат го освои овој трофеј во последните 11 изданија, а единствениот тим кој успеал да го освои од 2013 година е Лил, кој во 2021 година го совлада ПСЖ со 1:0.