Францускиот шампион Пари Сент Жермен денес го затвори тренинг центарот поради коронавирусот.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клубот потврди дека тренинг центарот ќе биде затворен до понеделник, откако после тестирања беа потврдени неколку позитивни случаи во женскиот тим.
Женскиот тим на ПСЖ не отпатува за Чешка, каде требаше да го одигра реваншот од Лигата на Шампионите против Спарта.
Нови тестови во клубот ќе има во петок, а до тогаш како мерка за претпазливост е затворен тренинг центарот.