Фудбалскиот клуб, ПСЖ влезе во трка за златното момче, а потоа часно е дека на премиерлигашите ќе им биде тешко да го присвојат.
Фудбалерот на Фулам, Рајан Сесенјон игра сезона од соништата, па не е ниту чудно што го посакуваат Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа, сега во трка влезе ПСЖ и сака што побрзо да ја заврши работата.
Сесенјон е прогласен за најдобар играч во Чемпионшип за тековната сезона, иако има само 17 години, па неговата цена веќе сега е 50 милиони фунти.
Тој постигна 15 погодоци и додаде шест асистенции и најзаслужен е што Фулам заврши како трет состав во сезоната на табелата.
Сесенјон ја почна сезоната како лев бек, подоцна играше како крило, така што може да игра на повеќе позиции и да биде страшен тандем со Нејмар во разни комбинации. Играше како десно и лево крило и со своите карактеристики покажа колку вреди.