Tимот на ПСЖ во минатата сезона работел со загуба од скоро 225 милиони евра, тоа најмногу е резултат на кризната ситуација околу ТВ правата за француското фудбалско првенство и играњето пред празни трибини поради коронавирусот.
Клупската загуба е поголема за 80% во споредба со сезоната 2019/2020 кога таа изнесуваше 124.2 милиони евра. Според податоците на Професионалната фудбалска лига објавени во среда, сметките на 17 од 20 француски прволигаши се во црвено.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Вкупната загуба на клубовите од елитниот ранг во француискиот фудбал изнесува 646 милиони евра, а после ПСЖ во најголема загуба се Лион (107 милиони евра), Марсеј (76 милиони евра) и Бордо (67 милиони евра).
Парижаните во една година доживеаа огромен пад во приходот од влезниците кој од 48.05 милиони евра падна на 961.000 евра, главната причина е што најголем дел од натпреварите на „Паркот на принцовите“ се играа пред празни тирбини.