Еден од најдобрите италијански фудбалер Андреа Пирло на 21-ви овој месец ќе организира проштален натпревар на „Сан Сиро“ во Милано.
Пирло пред неколку месеци стави крај на богатата кариера, а сега се одлучи да ги повика сите свои поранешни соиграчи и пријатели на едно место за да каже збогум на фудбалот.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Со оглед на фактот дека „Фудбалскиот Моцарт“ играше долги години на високо ново во Интер, Милан и Јувентус, списокот на фудбалери кои ќе дојдат на „Сан Сиро“ е навистина импресивен.
Голмани:
Џанлуиџи Буфон, Абиати, Дида, Марко Сторари
Дефанзивци:
Даниеле Адани, Андреа Барзаљи, Даниеле Бонера, Леонардо Бонучи, Маркос Кафу, Фабио Канаваро, Џорџо Киелини, Били Костакурта, Џузепе Фавали, Чиро Ферара, Фабио Гросо, Марек Јанкуловски, Кака Каладзе, Стефан Лихштајнер, Паоло Малдини, Марко Матераци, Алесандро Неста , Масимо Оддо, Сержињо, Дарио Симиќ и Џанлука Замброта.
Среден ред:
Деметрио Албертини, Масимо Амброзини, Роберто Баронио, Кристиан Броки, Мауро Каморанеси, Даниеле де Роси, Алесандро Дијаманти, Аимо Диана, Џенаро Гатузо, Френк Лампард, Леонардо, Клаудио Маркизио, Симоне Пепе, Симоне Перота, Мануел Руи Коста, Марко Веррати.
Напаѓачи:
Марко Бориело, Антонио Касано, Хернан Креспо, Алесандро Дел Пјеро, Алберто Џилардињо, Винченцо Јакинта, Филипо Инзаги, Алесандро Матри, Александре Пато, Фабио Кваљарела, Роналдињо, Роналдо „Феномено“, Андреј Шевченко, Лука Тони, Франческо Тоти, Никола Вентола и Кристијан Виери.
Тренери:
Карло Анчелоти, Антонио Конте, Масимилиано Алегри, Мауро Тасоти и Роберто Донадони.