Дома Фудбал Англија Проклетството на Клоп – седмата сезона!

Проклетството на Клоп – седмата сезона!

Ливерпул игра ужасно оваа сезона и во моментов се наоѓа на 10. место во Премиерлигата со само 10 бодови, па тренерот Јирген Клоп кажа дека битката за титулата е загубена.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Ова не е првпат да му се случи нешто идентично за Клоп и може да се каже дека историјата се повторува, и тоа на секоја седма сезона во некој од тимовите кои ги водел Германецот.

Клоп ја почна тренерската кариера во Мајнц во 2000/01, по што беше одличен на кормилото, но во неговата седма сезона не успеа да го врати тимот во елитата и мораше да замине од жешкото столче.

Една година подоцна седна на тренерското столче на Борусија Дортмунд, по што успешно го водеше тимот шест сезони, но повторно во седмата сезона доби отказ по поразот од Волфсбург во германскиот Куп.

Клоп пред точно седум сезони пристигна во Ливерпул, а неодамна кажа дека е вистински избор за поранешниот шампион, но останува прашањето дали ќе ја преживее оваа сезона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Лудило со 10 голови: Англија ја совлада Франција за трето место на СП (Видео)

Англија го освои третото место на Светското првенство по спектакуларната победа од 6-4 про…