Барселона го претстави проектот за реновирање на стадионот „Камп Ноу“ за што ќе бидат потрошени 600 милиони евра.
Симболот на каталонскиот фудбалер моментално прима 99.354 гледачи, а после реконструкцијата, која е планирана да заврши во 2021 година, капацитетот на стадионот ќе биде неверојатни 105.000 гледачи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Предмет на реконструкција нема да биде само „Камп Ноу“, туку и комплетниот кварт „Les Corts“, каде се наоѓаат и помошните стадиони и клупските простории.
Под стадионот ќе биде напавен паркинг простор, а околу „Камп Ноу“ ќе бидарт изградени четири згради каде ќе биде сместена клупската управа.
Исто така, планирана е и изградба на голем хотел, пешачка зона, а клубот ќе инвестира и во сообрајќајни проекти за полседно да се стигнува до новиот стадион.