Никако да се смират работите во сплитски Хајдук кој со големи очекувања влезе во новата сезона.
Прво се случи конфликтот помеѓу Иван Перишиќ и Џенаро Гатузо, па Хрватот беше исфрлен од тимот, а како последна ситуација отказ доби спортскиот директор Никола Калиниќ.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
По отказот Калиниќ јавно зборуваше за хаосот кој се случува на „Пољуд“, а дека работите не се во ред покажува и последниот потег на тренерот Гатузо.
Имено, италијанскиот стратег ја откажа прес-конференцијата за медиумите пред дербито со Динамо со објаснување дека на тимот му е потребен комплетен мир.
Место стандардната конференција, клубот ќе објави кратко снимен интервју со Гатузо како најава за средбата.