Дома Останати Кошарка Евробаскет Продолжува сонот за плјеоф за Дарушафака – комплет резултати од кошаркарската Евролига

Продолжува сонот за плјеоф за Дарушафака – комплет резултати од кошаркарската Евролига

Кошаркарите на Дарушафака забележаа значајна победа против Галатасарај со која ги сочуваа шансите за место по плејофот во Евролигата.

Дарушафака во натпревар од 28. коло одигран синоќа во Истанбул го совлада градскиот ривал 73-67. Со овој триумф Дарушафака е на само една победа помалку од Црвена Ѕвезда, а до крајот на регуларниот дел остануваат уште две кола.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во првиот натпревар одигран во рамки на ова коло ЦСКА Москва славеше победа на гостински терен кај Уникс Казан со 74-85.

На дербито во Атина меѓу Олимпијакос и Реал Мадрид гостите извојуваа победа од 73:79, а на дуелот во Барселона каде гостуваше Црвена Ѕвезда, домаќините ги растурија гостите со 67:51.

Потсетување, на завчера одиграните натпревари беа постигнати овие резултати: Анадолу Ефес – Фенербахче 80:77, Макаби Тел Авив – Жалгирис 77:93, Армани Милано – Армани 76:84 и Басконија – Панатинаикос 63:72.

Табела: Реал Мадрид 21-7 (победи-порази), ЦСКА Москва 21-7,  Олимпијакос 19-9, Фенербахче 17-11, Панатинаикос 17-11, Анадолу Ефес 16-12, Басконија 16-12, Црвена Звезда 15-13, Дарушафака14-14, Жалгирис 13-15, Галатасарај 10-18, Барселона 11-17, Бамберг 10-18, Макаби 10-18, Уникс Казан 7-21, Армани Милано 7-21.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Евробаскет

Проверете

Реал приреди епски пресврт и повторно е во финале🎥

Реал Мадрид се пласираше во финалето од Лигата на шампиони, откако после драма го победи Б…