Maкедонскиот репрезентативец, Аријан Адеми продолжува да испишува историја во дресот на Динамо Загреб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Адеми во вчерашниот натпревар против Хајдук постави нов рекорд станувајќи фудбалерот со најмногу настапи за „модрите“ во вечното дерби на хрватскиот фудбал.
За Адеми вчерашниот натпревар против Хајдук беше 37-ми во сите натпреварувања со што го сруши рекордот кој претходно го држеше Дражен Ладиќ. Динамо иако влезе како фаворит во дербито сепак не победи и одигра 0:0.