Дома Фудбал Италија Продолжува „војната“ во Аталанта: Гомез со видео снимки му одговори на Гасперини

Продолжува „војната“ во Аталанта: Гомез со видео снимки му одговори на Гасперини

Аталанта во последните седум натпревари има пет победи и тимот на Гасперини конечно почна да наликува на оној тим од минатата сезона.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Се поблиску е Аталанта до врвот во Серија А и тоа без капитенот Алехандро Папу Гомез кој поради расправија со тренерот Гасперини е пред заминување и се очекува да го промени клубот во овој преоден рок.

Новинарите го прашаа Гасперини зошто Гомез не игра, а тренерот на Аталанта дипломатски одговори.

„Гомез не игра? Бевме во проблеми, па решив да променам нешто и тој не се вклопуваше во таа визија. Мојот избор е исклучиво од стратешка природа. Видов дека имаме проблеми на средината, на Де Рон и Фраулер им беше потребна помош во дефанзивните задачи“, изјави Гасперини.

По оваа изјава на Гасперини Гомез објави 12 видео снимки на својот Инстаграм на кои се гледа како помага во одбранбените задачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Монако ја раскина соработката со Пол Погба

Фудбалскиот клуб Монако соопшти дека по договор го раскинал договорот со поранешниот франц…