Дома Македонски спорт Мак ракомет Продолжуваат проблемите: Уште двајца позитивни во Е.Пелистер 2

Продолжуваат проблемите: Уште двајца позитивни во Е.Пелистер 2

И денес се појавуваат проблеми за македонскиот ракомет.

Тимот на Еурофарм Пелистер 2 денес пријави уште два нови позитивни случаи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


“Информација за тестирањето на ковид-19 на ракометарите и стручниот штаб на Еурофарм Пелистер 2Откако пред два дена беа констатирани симптоми кај двајца ракометари, РК Еурофарм Пелистер 2 ги тестираше сите членови на клубот на ПСР тест на ковид-19. По дополнителните тестирања позитивни тестови има кај уште двајца ракометари. Во овој момент четворица ракометари на Еурофарм Пелистер 2 се позитивни на коронавирус, немаат симптоми и добро се чувствуваат.По наредното тестирање на останатите членови на екипата, стручниот, медицинскиот и административниот тим, ако сите тестови се негативни, тимот ќе се врати во тренажен процес“, стои во објавеното соопштение на социјалните мрежи.

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Официјално: Голманот на Вардар ќе брани во Германија

Германскиот тим Постам денеска и официјално го потврди трансферот на голманот на Вардар, М…