Дома Фудбал Англија Продажбата на Њукасл може да пропадне

Продажбата на Њукасл може да пропадне

Околу 10 клуба од Премиер лигата ќе се обидат да ја блокираат зделната за промена на сопствениците на Њукасл, информира „Сан“.

Клубот од „Сејнт Џејмс Парк“ е на чекор да добие нов сопственик, откако Мајк Ешли доби понуда од 300 милиони фунти од консозциум позади кој стои принцот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сите потребни документи од зделката веќе се депозирани во Премиер лигата, од каде се чека официјално одобрување.

Меѓутоа, до такво одобрение може да не дојде бидејќи во последните недели   бидејќи се појавија документи дека Бин Салман има учество во пиратската телевизија „Беаут“, која незаконски ги пренесува натпреварите од Премиер лигата во Саудиска Арабија. Таму правата ги има катарската телевизија „БеИн Спорт“.

Другиот сериозен проблем е темата за нарушување на човечките права во Саудиска Арабија, па раководните луѓе можно е да не дозволат капитал од таа земја да влезе во Премиер лигата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Чави е пред договор со новиот клуб!?

Чави Ернандез се уште стои на ставот дека заминува од Барселона на крајот на сезоната, рак…