Претседателот на Ла Лига, Хавиер Тебас крена многу прашина со изјавата за Кристиано Роналдо кој пред две години од Реал Мадрид премина во Јувентус.
Роналдо и Лионел Меси сигурно беа најголеми ѕвезди на Ла Лига, но пре две години Португалецот одлучи кариерата да ја продолжи во Јувентус. Но, Тебас тврди дека тоа воопшто не се одразило на популарноста на Ла Лига.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
„Сигурно дека на навивачите на Реал не им е сеедно што замина бидејќи тој привлекуваше многу внимание и луѓе на стадионите. Сепак, неговото заминувањње скоро и да не се почувствува за Ла Лига. Меси е друга приказна затоа што тој е најдобар играч во историјата и секогаш играл во Ла Лига“.
„Ако Меси замине сигурно тоа би се почувствувало на популарноста на Ла Лига. Меси е икона на шпанскиот фудбал и се надевам дека тука ќе ја заврши кариерата“, изјави Тебас.
Мадритски „АС“ пишува дека Роналдо сигурно ќе одговори на оваа провокација од Тебас со кого пред неколку години исто така имаше вербален конфликт.