Дома Фудбал Италија Проблем на тренингот на Интер: Спалети се налутил и испратил играч на Интер дома!

Проблем на тренингот на Интер: Спалети се налутил и испратил играч на Интер дома!

Интер е блиску во преостанатите две кола во Серија А да обезбеди место кое води во Лигата на шампионите.

Главната цел на Интер пред почетокот на сезоната беше да избори место во Лигата на шампионите наредната сезона и таа цел тимот на Лучијано Спалети многу веројатно ќе ја исполни.


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Интер помина низ неколку турбулентни периоди кои се уште не завршиле.

После проблемите кои ги имаа со Мауро Икарди сега нов проблем направил Жоао Маро. Имено, тој на денешниот тренинг го налутил Спалети кој потоа го избркал од тренингот и го испратил дома.

Италијанските медиуми пишуваат дека Жоао Марио бесот на својот тренер го предизвикал со однесувањето на тренингот. Спалети му кажал дека дошол на тренинг целосно незаинтересиран и дека воопшто не се труди.

После разговорот со своите помошници Спалети одлучил Португалецот да го отстрани од тренингот.

Иако, го избркал од тренингот, Спалети му потенцирал дека не е суспендиран и дека очекува од него на утрешниот тренинг да покаже многу повеќе желба за тренирање отколку што било случај денес.

Сепак, на сите им е јасно дека Жоао Марио на крајот на оваа скоро сигурно ќе го напушти Интер, а интерес за него покажаа Порто и Евертон.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Роналдо се враќа во Европа!? Позната и следната дестинација

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Кристијано Роналдо, моментално настапува за …