Проблем за Германците пред Мундијалот….
Од таборот на актуелниот светски шампион не соопштиле ништо, но медиумите забележаа дека на тренинзите го нема – Меуст Озил!
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Фудбалерот на Арсенал е надвор од терените, а „Билд“ тврди дека влече двојна повреда. Поточно, во Премиер лигата заработил повреда на грбот, а потоа во натпреварот против Австрија добил удар во коленото и проблемот не е наивен како што на почетокот се мислеше.
Додека неговите колеги од репрезентацијата времето го поминуваат на теренот, Озил го нема веќе четири дена, работи во теретана и како што сега стојат работите го чека подолга пауза.
Што тоа значи?
Прво, нема да биде во тимот на генералната проба против Саудиска Арабија во петок, а како што стојат работите Лев не ќе може да смета на него и на првиот натпревар од Мундијалот против Мексико.