Дома Фудбал Проблем за Реал Мадрид: На што се потрошиле 122 милиони евра?

Проблем за Реал Мадрид: На што се потрошиле 122 милиони евра?

Реал Мадрид ќе треба да објасни на што потрошил 122 милиони евра, сума која се наведува во финансискиот извештај, но не се прецизира за што била наменета.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Финансискиот извештај на Реал Мадрид, стигнал до медиумите и според информациите „кралевите“ немаат намера да објаснат за што била наменета споменатата сума.

Во годишниот извештај под ставката „останати оперативни трошоци“ има 135 милиони евра. Од тоа, познато е дека 13,6 милиони се исплатени во Ла Лига, тоа е трошокот што го има секој клуб според лигата.

Од клубот не сакаа да ги коментираат сомнежите дека остатокот од овие пари се исплатени на име на иден спонзорски договор со компанијата „Провиденс“.

Реал во сезоната 2017/18. постигна договор со оваа компанија да обезбеди пари за покривање на загуби во износ од 216 милиони евра настанати во периодот од 2014 до 2017 година. Реал никогаш не објасни како ќе се вратат тие пари, но познато е дека во 2019. година го обнови договорот со оваа компанија.

Даночната служба на Шпанија на овие пари гледа како на долг, но не гледа ништо спорно. Сепак, прашање е како ќе реагира УЕФА бидејќи под знак прашалник се доведува регуларноста и почитувањето на финанискиот фер-плеј.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Нов срамен потег на Роналдо: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Фудбалерите на Ал Наср го загубија финалето на Азиската лига на шампиони 2, каде што подоб…