Англискиот репрезентативец Џуд Белингем е повреден и ќе пропушти најмалку три натпревари на Реал Мадрид.
На терените Белингем ќе се врати по репрезентативната пауза. На последниот тренинг тој добил удар, а детални прегледи покажале дека повредата не била наивна.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Кај Белингем утврдена е повреда на мускулот на десната нога и веројатно го чека пауза од околу еден месец.
Ако најавите се покажат како точни тој нема да биде во конкуренција на средбите со Ваљадолид, Лас Палмас и Бетис од Ла Лига. Натпреварот во кој би се вратил е со Реал Сосиедад на 15. септември.