Екипата на ПСЖ викендов во француското првенство ќе биде без Лионел Меси. „Светците“ утре гостуваат кај Ремс, тим кој се наоѓа на 17-тата позиција на табелата.
Меси беше стрелец за ПСЖ во ремито против Бенфика во Лигата на шампионите, а со тој гол испиша историја затоа што стана единствениот играч во најелитното европско натпреварување кој постигнал гол против 40 различни екипи.
Дерби на Манчестер: Да се види кој е полош!? ↓↓↓
Меѓутоа во ПСЖ беа загрижени за неговата здравствена состојба затоа што го напушти теренот десет минути пред завршувањето на средбата.
Засега не е познато за каква повреда станува збор и дополнителни тестови ќе му бидат направени после завршувањето на Мундијалот. Сепак, најверојатно настапот на Мундијалот кој започнува на 20. ноември не е доведен во прашање.