Гвардиола ќе мора да се потрпе на Стерлинг и Хесус.
На проблемите на Манчестер Сити изгледа како да им нема крај, „граѓаните“ се на третото место на табелата и заостануваат девет бодови зад Ливерпул. Играчки не можат да се пофалат дека е се како претходно, тоа најдобро се виде против Челзи, иако победија во овој натпревар еден тим на Гвардиола за прв пат после една деценија имаше помал посед на топка од противникот.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Проблеми во Сити има и со повредите. Од почетокот на сезоната на листата повредени беа: Лирој Сане, Бенџамин Менди, Николас Отаменди, Џон Стоунс и голманот Едерсон. Во овој момент надвор од тимот поради повреди се Емерик Лапорт и Зинчеко, а на нив сега им се придружи Серхио Кун Агуеро.
Аргентинцот поради повреда на препоните порано го заврши натпреваот со Челзи и Гвардиола на него не ќе може да смета четири недели. Аргентинецот ќе се врати за божиќното лудило на Островот. До тогаш ќе пропушти два натпревари во Лигата на шампионите (Шахтјор и Динамо Загреб) и пет натпревари во Премиер Лигата вклучувајќи го и градското дерби со Манчестер Јунајтед на „Олд Трафорд“ кое е закажано за 7-ми декември и пресметките со Арсенал на „Емирати“ осум дена подоцна и со Лестер на „Етихад“ на 21-ви декември.