Дома Фудбал Италија Проблем за Милан, се повреди еден од најсигурните во одбраната

Проблем за Милан, се повреди еден од најсигурните во одбраната

Mилан вчера после пресврт славеше против Селтик во Лига Европа и така го обезбеди пласманот во нокаут фазата од Лигата на Европа, но дуелот со шкотскиот тим донесе и проблеми за Стефано Пиоли.

„Росонерите“ на почетокот на мечот останаа без еден столбовите на одбраната оваа сезона, Симон Кјаер кој се повреди. На местото на Кјаер во игра влезе капитенот Алесио Ромањоли кој требаше да одмори за овој дуел.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кјаер многу значи за Пиоли, тоа го докажува податокот дека тој е играчот со најголема минутажа и нема сомневање дека ќе биде проблем ако отсуствува подлго.

Засега не е познато од каков карактер е повредата на 31 годишниот дефанзивец, меѓутоа против Сампдорија за викендот сигурно нема да игра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Карлос Тевез завршил во болница!

Поранешниот аргентински репрезентативец Карлос Тевез (40) изминатата вечер се соочил со ед…