Дома Кошарка Проблем за Лејкерси: Ентони Дејвис се повреди! 🎥

Проблем за Лејкерси: Ентони Дејвис се повреди! 🎥

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс доживеа тежок пораз на гостувањето кај Минесота со 92-110, а повеќе од тоа ги загрижува тешката повреда на Ентони Дејвис.

Очигледно ѕвездата на Лејкерс ќе мора да оди на подолга пауза, затоа што повторно има иста повреда како претходно, која ја заработи по дуелот против Џејден Мекдениелс, по што се фати за коленото.

Колку е тешка повредата доволно покажуваат и снимките од самиот терен, каде што можеше да се забележи дека Дејвис едвај стои на нозе, а потоа тргна кон соблекувалната, но падна по пат.

Засега не е познато колку долго ќе паузира Дејвис, но дополнителните прегледи ќе дадат јасна слика за тоа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Симиќ веднаш се наметна во Тексас Арлингтон: 16 поени и скок до дабл-дабл

Теодор Симиќ ја почна колеџ-кариерата со 16 поени и девет скока во победата од 89-56 над Н…